вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 49
home Вести

ФОТО: Полицајците останале без текст – девојка во хеланки криела алигатор

ФОТО: Полицајците останале без текст – девојка во хеланки криела алигатор

Дека алигаторите се честа глетка на Флорида веќе сите навикнаа, но кога еден излезе од хеланките на една девојка, полицајците кои ја запреле не можеле да си поверуваат на очите.

Кога заменик шерифот во Шарлот округот запрел камионет поради не застанување пред знакот „стоп“, 22-годишниот возач му рекол дека тој и неговата сопатничка собираат жаби и змии под надвозникот и дал дозвола да се претресе нивниот багаж.

На свое изненадување, полицајците во женската торба нашле 41 пругасти желки, а потоа ги прашале дали имаат уште неколку изненадувања.

Девојката тогаш извлекла мал алигатор од своите хеланки и ги оставила без текст.

Комисијата за заштита на дивите животни од Флорида, покренала истрага, а полицијата се пофалила на Твитер со двосмислен коментар: „Може ли некој ова да го надмине – жена од Флорида токму ова го извчече од своите панталони“.