сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

(ФОТО) Погребан Џорџ Флојд, неговиот брат порача: Тој ќе го промени светот

(ФОТО) Погребан Џорџ Флојд, неговиот брат порача: Тој ќе го промени светот

По 15 дена од убиството, Афроамериканецот Џорџ Флојд (46) вчера беше погребан во Хјустон, Тексас, градот каде го поминал најголемиот дел од својот живот.

Комеморацијата траеше околу четири часа и ја пренесуваа голем ден од американските телевизиски мрежи.

Медиумите го пренесуваа неговото испраќање наведувајќи дека Флојд од обичен човек станал „симбол за жртвите на расизмот и полициската бруталност“ и „камен темелник на едно движење“.

Флојд беше убиен на 25 мај за време на апсење во Минеаполис, Минесота, а за неговото убиство ќе одговараат четворица полицајци, еден како извршител, а тројца како помагачи. Сите беа разрешени од должност еден ден по убиството. Осум минути и 46 секунди е времето колку што полицаецот го притискал коленото врз вратот на Џорџ Флојд, додека го приведувал, на 25 мај, се додека не го задуши.

Смртта на Флојд предизвика низа протести во САД, но и во светот, а голем дел од нив беа одбележани со насилство и вандализам.

Телото на Флојд беше вратено во родниот Хјустон за да биде погребан покрај неговата мајка која ја повикуваше во моментите пред смртта.

„Овде е роден, но на него ќе се сеќава цел свет. Тој ќе го промени светот“, рече неговиот брат, Родни во обраќањето кое го имаше во црквата.

Семејството на Флојд побара правда, а дел од комеморацијата во негова чест беа и голем број на граѓански активисти, претставници на демократите, а видео обраќање имаше и Џо Бајдан кој веројатно ќе го предизвика Доналд Трамп на претседателските избори.

„Кога ќе има правда за Џорџ Флојд, ќе бидеме на вистинскиот пат кон расна правда и еднаквост во Америка“,

рече Бајдан во видео пораката откако ден претходно го посети семејството на Флојд.
Властите на американскиот град Хјустон, пак, одлучија да го прогласат вчерашниот датум, 9 јуни, за Ден на Џорџ Флојд.

„Го славиме Џорџ Флојд не затоа што беше совршен, туку затоа што по неговиот последен здив сите ние можеме слободно да дишеме. Затоа јас, градоначалникот на Хјустон, Силвестер Тарнер, со гордост го прогласувам овој ден за Ден на Џорџ Флојд во Хјустон“, напиша Тарнер на Твитер.

Според медиумските извештаи, на комеморацијата во црквата, иако била приватна и ограничена, имало околу 500 луѓе, додека на погребот присуствувале околу 6 000.

Photo: www.houstonchronicle.com

Коронавирус