недела, 20. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Откриена најголемата лабораторија за производство на кокаин во Холандија

ФОТО: Откриена најголемата лабораторија за производство на кокаин во Холандија

Холандската полиција откри најголема лабораторија за производство на кокаин, што се наоѓала во поранешно училиште за јавање коњи во градот Нивен, на север во државата.

Најмалку 17 лица се во притвор, вклучително и 13 колумбиски државјани, тројца Холанѓани и еден Турчин. Сопственикот на некогашното училиште за јавање бил еден од уапсените холандски државјани, објави „Гардијан“.

Полицијата соопшти дека за време на рацијата биле пронајдени десетици илјади литри хемикалии и 100 килограми кокаин.

Лабораторијата била опремена да произведува меѓу 150 и 200 килограми кокаин на ден, чија улична вредност е меѓу 4,5 и осум милиони евра.

– Ова е најголемата лабораторија досега пронајдена во Холандија, изјави полициски портпарол.

Коронавирус