четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 133
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ и денес протестира, блокада на три раскрсници, Влада, МНР и министерство за правда

home Вести

ФОТО: Околу 85 повредени при пад на авион во Мексико

ФОТО: Околу 85 повредени при пад на авион во Мексико

Околу 85 лица се повредени синоќа при уривање на авион на компанијата „Аеромексико“, непосредно по полетувањето од мексиканскиот град Дураго.

Во време на несреќата во авионот од типот „Ембраер 190“ се наоѓале 97 патници и четворица членови на екипажот.

Гувернерот на Дураго, Хозе Росас Аиспуро информира дека по несреќата биле хоспитализирани 49 лица од авионот, од кои две се наоѓаат во критична состојба.

Според Аиспуро, во време на несреќата во реонот паѓал силен гради и имало големи електрични празнења, што најверојатно се причина за падот на авионот.

Претставник на аеродромот во Дуранго исто така ги посочи лошите временски услови како причина за падот на авионот.

По падот авионот се запалил, но огнот набрзо бил изгаснат,

Авионот бил на лет од Дуранго кон Мексико Сити.

МИА

Коронавирус