вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 118
home Вести

ФОТО: Нов шумски пожар беснее во Калифорнија, наредена евакуација

ФОТО: Нов шумски пожар беснее во Калифорнија, наредена евакуација

Поради шумски пожар што брзо се прошири во северниот дел на Калифорнија наредена е евакуација на повеќе десетици илјади луѓе.

Не е познато дали има повредени или настрадани лица.

Полицијата од округот Бјут Каунти соошти дека евакуацијата важи и за целото градче Парадиз, кое има 27.000 жители и се наоѓа на околу 300 километри североисточно од Сан Франциско.

Американската метеоролошка служба издаде црвено предупредување од опасност од пожари во многу делови на Калифорнија.