сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Носела апчиња за сопругот, а ја осудиле на три години затвор

Таа на прашањето на судијата дали шверцувала апчиња Тромадол одговорила потврдно, што било доволно да ја добие затворската казна. Дури откако преведувачот и објаснил дека со тоа ја признала вината, таа одрекувала, но било доцна.
ФОТО: Носела апчиња за сопругот, а ја осудиле на три години затвор

Лора Пламер , 33- годишната туристка од Британија по недоразбирање со египетската полиција, била однесена на суд и и биле пресудени три години затвор за шверц на дрога.

Таа била уапсена на аеродрмото во Хургада со 290 пачиња Тромадол, што ги носела за сопругот, кој имал болки во грбот.

Апчињата се набавуваат на рецепт во Британија, но за египетските власти биле нелегални. Британката има рок на жалба од 60 дена, а нејзините родители се зачудени како може токму на Божиќ да и биде изречена таква драстична казна.

Таа на прашањето на судијата дали шверцувала апчиња Тромадол одговорила потврдно, што било доволно да ја добие затворската казна.

Дури откако преведувачот и објаснил дека со тоа ја признала вината, таа одрекувала, но било доцна.

Судијата и одредил казна затвор како на шверцер со дрога.

Коронавирус