петок, 17. септември 2021. Вести денес: 133
home Вести

ФОТО: Најмалку 25 загинати во торнадо во Нешвил

ФОТО: Најмалку 25 загинати во торнадо во Нешвил

Најмалку 25 лица погинаа во торнадото што го погоди градот Нешвил и државата Тенеси, во САД, а 50.000 домаќинства и компании останаа без електрична енергија.

Од невремето се повредени повеќе лица, а нивните домови се оштетени, јавија британските медиуми.

И аеродромот, што се наоѓа во непосредна близина на Нешвил, претрпел значителни штети, а оштетени се и неколку хангари.

Најмалку два станбени блока останале без прозорци, додека парчиња метал и дрвја се расфлани по улиците на градот, јави Си-Ен-Ен.

Националната метеоролошка служба соопшти дека осум торнада ги погодија сојузните држави Мусири, Тенеси и Кентаки.

Коронавирус