вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 83
home Вести

ФОТО: Најмалку 25 загинати откако автобус падна во бездна во Индонезија

ФОТО: Најмалку 25 загинати откако автобус падна во бездна во Индонезија

Најмалку 25 лица загинаа откако автобус се урна во амбис на островот Суматра, во Индонезија, објавија утринава локалните медиуми, пренесе ДПА.

Германската агенција според првичните извештаи наведе дека во несреќата имало 24 жртви, но спасувачите подоцна извлекле уште едно тело од реката, каде што заврши автобусот.

Најмалку 13 други лица успеале да се спасат.

Меѓуградскиот автобус сообраќал од провинцијата Бенгкулу кон Палембанг, главниот град на соседната провинција Јужна Суматра.

Претпоставка е дека во автобусот имало околу 50 патници. При вртење во стрмен свиок кај селото Пераху Дипо автобусот ја загубил контролата и паднал во амбисот, завршувајќи во река, пренесе ДПА.