вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 169
home Вести

ФОТО: На само 26 години почина еден од најпознатите јутјубери и инфлуенсери

ФОТО: На само 26 години почина еден од најпознатите јутјубери и инфлуенсери

Познатиот јутјубер и инфлуенсер Лојд Кадена почина на 26 години.

Тој имаше повеќе од 3 милиони претплатници на својот канал на Јутјуб, а на социјалната мрежа Фејсбук го следеле околу 6,5 милиони луѓе. На неговата официјална интернет страница оваа вест е потврдена, но се уште не е позната причината за смртта на комичарот од Филипините, пренесе „Њујорк пост“.

„Со тешко срце и со огромно жалење ве известуваме дека почина нашиот сакан брат Лојд Кафе Кадена. Ќе го паметиме по смеата и радоста што ги носеше на сите околу себе. Моето семејство и јас бараме од вас да се молите, почитувајте не нас и нашата приватност во текот на овој тежок период“, пишува во соопштението.

Тој стана познат во 2011 година, кога започна со снимање влогови, а познат е под псевдонимот „Kween LC“. Бројни обожаватели на социјалните мрежи оддадоа почест на насмеаниот млад човек.

Коронавирус