петок, 23. април 2021. Вести денес: 44
home Вести

ФОТО: Мистериозната сопруга на Ким Јонг Ун, се појави во јавноста после една година

ФОТО: Мистериозната сопруга на Ким Јонг Ун, се појави во јавноста после една година

Сопругата на лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун, Ри Сол Џу се појави во јавноста по една година. Таа со сопругот присуствуваше на концерт со кој се одбележа роденденот на Ким Јонг Ил кој почина во 2011 година.

Таа секогаш била крај својот сопруг на важните настани во минатото, но од јануари минатата година не е видена во јавноста. Нејзиното непојавување предизвика големо внимание во јавноста и ги покрена гласините за нејзината здравствена состојба или потенцијална бременост.

Разузнавачка агенција од Јужна Кореја наведува дека Ри ги избегнувала јавните настапи поради Ковид-19 пандемијата и бидејќи времето сакала да го помине со децата. Северна Кореја, според официјалните податоци, нема забележано ниту еден случај на коронавирус.

Медиумите наведуваат дека парот на концерот бил весел и насмеан. Според медиумите таа има 31 година и пред бракот била пејачка во елитен оркестар чии гленови ги избира државата.

Се верува дека за Ким се омажила во 2009 година и дека бракот е договорен на брзина, а според јужнокорејските служби тие имаат три деца.

Коронавирус