вторник, 21. август 2018. Вести денес: 95
home Вести

ФОТО: Кејт и Вилијам го покажаа синот

ФОТО: Кејт и Вилијам го покажаа синот

Кејт Мидлтон денеска се породи со машко дете, нејзино трето дете со принцот Вилијам.

Двајцата, пред неколку минути излегоа пред болницата „Света Мери“, и на светот му го покажаа новиот престолонаследник.

Војвотката Кејт (36) се породи на британскиот национален празник, денот на Свети Ѓорѓи. Таткото Вилијам (35) присуствувал при породувањето, информираше кралското семејство.

На улиците на Лондон владее славеничка атмосфера, а граѓаните се собираат да и го честитаат третото дете на војвотката. Кејт и Вилијам веќе имаат син, Џорџ, и ќерка Шарлот.

Новороденото бебе сега е петто во линијата за наследување на британскиот престол, по својот дедо Чарлс, таткото Вилијам, братчето и сестричката.