сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 79
home Вести

ФОТО: Исчезна Сораја, полицијата се крена на нозе

ФОТО: Исчезна Сораја, полицијата се крена на нозе

Полицијата во Англија распиша потрага по 15 годишно девојле кое исчезнало на новогодишната ноќ

Според информациите од медиумите од Островото, Сораја Бакстер во својот дом во Ланкашир била до 23 часот. Носела фустан и домашни папучи, а потоа и се губи трагата.

Полицијата се обидува да ја пронајде и ги проверува информациите кои водат до Манчестер, но бара помош и од граѓаните.

-Ние сме крајно загрижени за Сораја. Бараме некој што ја видел или има какви било информации што би можеле да ни помогнат да ја најдеме, да стапи во контакт во нас што е можно поскоро, изјавиле од полицијата.

Коронавирус