среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 5
home Вести

(ФОТО) Хорор во стан на Флорида – деца живееле со 250 животни

(ФОТО) Хорор во стан на Флорида – деца живееле со 250 животни

Полицијата во градот Еџвотер на Флорида затекнала страотна глетка за време на контрола на еден стан поради пријава за лошо постапување кон малолетници. Полицајците пронашле во станот три деца како живеат во истиот простор со 245 различни животни.

Полицискта станица во градот на официјалниот фејсбук профил објави фотографии од станпот во кој престојувале децата, наведувајќи дека веднаш станало јасно дека ниту децата ниту животните не биле адекватно згрижени.

Во станот било пронајдено и мртво морско прасе и расипана храна, а на подот имало измет и урина од животните.

Поради таквата состојба во станот, против Мелиса Хамилтон, Грег Нелсон и Сузан Нелсон се покренати обвиненија за злоставување на деца, како и 66 точки за суровост кон животните.

Социјалната служба ги преместила децата на возраст од осум, девет и 10 години кај роднини, а за миленичињата ќе се грижи центар за спасување животни.