сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Големи лавини во швајцарските Алпи, не се знае бројот на затрупани скијачи

ФОТО: Големи лавини во швајцарските Алпи, не се знае бројот на затрупани скијачи

Најмалку две лица се повредени, а се стравува дека е можно да има уште многу затрупани кога лавина минала преку скијачка патека во скијачкиот центар во Андермат, јавија хрватските медиуми.

Лавината се спуштила вчера во непосредна близина на швајцарскиот град Андермат, додека многу скијачи уживале на планиското сонце еден ден по Божиќ, пренесоа американските медиуми.

Портпаролот на полицијата изјави дека станува збор за голема лавина, а спасувачките екипи веќе пренеле двајца полесно повредени во болница.

Во меѓувреме, почната е голема акција на трагање по повеќемина исчезнати скијачи откако четири лавини ги погодија скијалиштата во Австрија и Швајцарија.

Скај њуз јави дека австрискиот центар Анкогел е погоден од три лавини.

На патеките во моментот на лавините имало многу скијачи, јавија медиумите. На терен се наоѓаат повеќе од 60 спасувачи, хеликоптери и кучиња трагачи.

Швајцарската полиција на вонредна прес конференција порача дека повеќе лица се однесени на носилки.

„Пријавена е голема бројка на затрупани“, изјави шефот на оперативната кандонална полиција Рето Пфистер, додавајќи дека станува збор за голема лавина.

Во акцијата на пребарување и спасување учествувале три хеликоптери.

Во акцијата помагаат и итни медицински сили, шумска служба за спасување и 20 цивили кои спонтано се приклучиле кон акцијата. Шестмина се спасени од снегот и сите се швајцарски државјани.

Двајца се префрлени во болница, а четворица се повредени. Засега нема пријави за исчезнати лица, но полицијата се сомнева во можноста уште луѓе да се затрупани, па затоа акцијата продолжува.

Коронавирус