сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 80
home Вести

ФОТО: Голем пожар во центарот на Лондон

ФОТО: Голем пожар во центарот на Лондон

Во центарот на Лондон синоќа избувна голем пожар, за чие гаснење на противпожарната служба и беа потребни неколку часа.

Полицијата соопшти дека при пожарот, кој избувна во зграда во фаза на реконструкција во близина на квартот Сохо, нема загинати или повредени лица.

Во гаснењето на огнот биле вклучени над 50 пожарникари со десет противпожарни возила.

Веднаш по избувнувањето на пожарот, полицијата ги евакуираше присутните во околните објекти, бидејќи во опожарената зграда имало поголем број плински боци, кои претставувале потенцијална опасност да предизвикаат експлозии.

Причините за пожарот засега не се познати, а нема податоци ниту за предизвиканата материјална штета.

Коронавирус