среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 93
home Вести

ФОТО: Ги шпионирала соседите, па главата ѝ се заглавила во ограда- 5 часа чекала помош

ФОТО: Ги шпионирала соседите, па главата ѝ се заглавила во ограда- 5 часа чекала помош

Една Колумбијка си ја заглавила главата помеѓу решетките од металната врата, бидејќи била премногу љубопитна.

Наводно, ги шпионирала соседите во градот Перири, па ѕирнала да види дали се дома.

Помош чекала цели 5 часа, а ја спасиле пожарникари.

-Оваа жена сериозно била заробена цели 5 часа бидејќи била љубопитна. Ја интересирало дали соедите се дома, па ја протнала главата – соопштиле пожарникарите.

Многу граѓани на друштвените мрежи напишале дека се надеваат дека жената ја научила својата лекција.