петок, 29. септември 2023. Вести денес: 79
home Вести

ФОТО: Еве како ќе изгледаат новите банкноти од 100 и 200 евра

ФОТО: Еве како ќе изгледаат новите банкноти од 100 и 200 евра

Нови банкноти од 100 и 200 евра треба да бидат во промет од 28 мај следната година, објави денеска Европската централна банка (ЕЦБ).

Изгледот на новите банкноти ќе биде прикажан денеска попладне, соопшти ЕЦБ преку Твитер.

Новите банкноти ќе бидат многу тешки за фалсификување. ЕЦБ веќе објави подобрени банкноти во апоени од пет, 10, 20 и 50 евра. Банкнотата од 500 евра повеќе нема да се печати. (МИА)