Руски научник на Антарктикот со нож го нападнал својот колега бидејќи не можел да поднесе постојано да му кажува за крајот на книгата која ја читал.
Сергеј Савитски (55) и Олег Белогузов (52) биле стационирани на Антарктикот кога се случил нападот.
Имено, Олег бил избоден од својот колеги бидејќи му раскажал како завршува книгата која тој ја читал.
-На научникот му било преку глава да го слуша колегата како му го раскажува крајот на книгата, па го избодел од нож, изјавиле извори од истрагата за Мирор.

Сергеј и Олег осамените часови во изминатите четири години ги минувале читајќи книги. Сепак, Савитски станал бесен, со оглед на фактот дека Белогузов упорно продолжувал да му кажува како завршуваат книгите, па својот колега го прободел со нож во срце.
Повредениот научник се наоѓа на интензивна нега, а лекарите се борат за неговиот живот.
Ова е прв обид за убиство на Антарктикот.