четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

(ФОТО) Чудо од дете во Белгија: Дипломира на 9 години и веднаш запишува докторат по електротехника

(ФОТО) Чудо од дете во Белгија: Дипломира на 9 години и веднаш запишува докторат по електротехника

Деветгодишниот Лаурент Симонс е чудо од дете во Белгија.

Малиот Симонс идниот месец ќе дипломира на Технолошкиот универзитет Ајндховен каде што на студии се запиша пред една година, а професорите за него кратко велат – извонреден е.

По дипломирањето Лаурент планира да запише докторат по електротехника, а истовремено ќе студира медиција, вели за неговиот татко за СиЕнЕн.

Баба му и дедо му први забележале дека момчето е талент, а родителите мислеле дека тие претеруваат, но набрзо за ова се сложиле и наставниците.

– Ни кажаа дека апсорбира како сунѓер, вели таткото на Лаурент, Александер Симонс.

Тој е од лекарско семејство, но не можат да објаснат од каде таа дарба. Лаурен е толку напреден што на Технолошкиот универзитет дозволиле студиите да ги заврши побрзо од останатите студенти.

– Тоа не е нешто невообичаено, велат од Универзитетот од каде напоменуваат дека студентите кои имаат добри резултати може да договорат прилагоден распоред на предавања.

Многу универзитети од целиот свет се заинтересирани за ова момче, меѓутоа неговите родители внимаваат да ја има потребната рамнотежа помеѓу својот талент и возраста.

Лаурент ужива да си игра со кучето и мобилниот, но за разлика од бројните врсници тој знае со што сака да се занимава кога ќе порасне: развојот на вештачките органи.