петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Биле голи и боси, прегладнети и изгледале како Могли- родители оставиле деца со бездомници за тие да може да се одморат

ФОТО: Биле голи и боси, прегладнети и изгледале како Могли- родители оставиле деца со бездомници за тие да може да се одморат

Млад пар од Украина, Божена (20) и Владимир (25) ги оставиле своите деца со бездомник, бидејќи се умориле од чување деца.

Андреј (3) и не говиот брат Максим (2) недела дена живееле со бездомноци во валкани и импровизирани домови, чепкајќи по ѓубре, голи и валкани.

„Млад брачен пар дојде и праша дали може да ги причуваме децата 20 минути додека тие одат и испазарат. Беа голи и боси, а тие заминаа и не се вратија“ рекол бездомникот.

Бездомниците цела недела со децата делеле она малку храна што имале и внимавале на нив, а тогаш случајни минувачи ги забележале децата и ја известиле полицијата.

„Се ужаснав од сликата, две мали деца како лежат на валкани ќебиња.Беа голи и многу валкани“ рекал жената која ги забележала.

Потпаролката на полицијата вели дека кога ги нашле децата изгледале како Могли.

Децата се одведени во болница, каде докторите им констатирале прегладнетост и настинка.

„Децата се слаби и едвај одат. Знаат како се викаат и колку години имаат, а за родителите не прашуваат“ велат докторите.

Кога полицијата ги нашла родителите тие се извиниле што ги оставиле и рекле дека само биле уморни од чување деца, па сакале одмор.

Сега им се заканува казна затвор од 5 години, а децата се сместени во дом за деца.

Коронавирус