четврток, 5. август 2021. Вести денес: 140
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

ФОТО: 9 загинати во железничка несреќа во северо-западна Кина

ФОТО: 9 загинати во железничка несреќа во северо-западна Кина

Девет лица загинаа во железничка несреќа во кинеската северо-западна провинција Ганжу, објавија денеска државните медиуми, пренесе ДПА.

Возот утринава во 5,25 часот по Гринич удрил во работници кои работеле на пругата во близина на Јинчанг, во центарот на провинцијата Ганжу, соопшти агенцијата Ксинхуа, цитирајќи ја групацијата Биро на кинески железница Ланжу

Според владиниот радиодифузер ЦЦТВ, возот што тргнал од Урумчи, во северо-западниот дел на провинцијата Синџијанг, и одел кон источниот кинески град Хангжу, удрил во работниците кои изведувале градежни работи на пругата на линијата Ланксин, пренесува ДПА.

Се уште нема информации за причините за несреќата. Истрагата е во тек.

Коронавирус