вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 67
home Вести

Формирана работна група за подготовка на предлог измените на рускиот Устав

Формирана работна група за подготовка на предлог измените на рускиот Устав

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша декретот за формирање на работната група која ќе ги подготвува предлозите за измена на Уставот, соопшти Кремљ.

Работната група има тројца потпретседатели, а ќе опфати вкупно 75 политичари, пратеници, научници и јавни личности, пренесе Тасс.

Во говорот за состојбата во нацијата во Федералното собрание Путин соопшти дека предлозите за измена на Уставот ќе вклучуваат давање овластувања на државната Дума да го одобрува изборот на премиерот, заменик премиерот, како и сите федерални министри. Според овој предлог, претседателот на државата ќе биде обврзан да ги именува предложените кандидати, наведува Тасс.

-Првата средба работната група ќе ја има уште денеска, рече еден од потпретседателите на ова тело, Андреј Клишас.

Во меѓувреме, од прес службата на рускиот претседател за Тасс потврдија дека тој денеска треба да се сретне со работната група за подготовка на предлог измените на рускиот Устав.