четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 68
home Вести

Фон Фрич: Путин се обидува да предизвика глад во Африка и Блискиот Исток и дестабилизација на Европа

Фон Фрич: Путин се обидува да предизвика глад во Африка и Блискиот Исток и дестабилизација на Европа

Рускиот претседател Владимир Путин намерно се обидува да предизвика глад на Блискиот Исток и Африка, изјави поранешниот германски амбасадор во Русија, Рудигер фон Фрич, јави денеска ДПА.

Целта на Кремљ е да ја дестабилизира Европа со масовен прилив на бегалци, изјави Рудигер фон Фрич за неделното издание на германскиот весник „Тагесшпигел“

-Идејата на Путин е дека по колапсот на извозот на житарици од Украина, гладните луѓе ќе ги напуштат своите домови и ќе се упатат кон Европа како милионите Сиријци кои бегаат од ужасите на војната, рече Фон Фрич.

Затоа Русија, додаде Фон Фрич, го блокира извозот на жито од Украина и ги гранатира нивните складишта за жито

-Со новиот прилив на бегалци Русија сака да ја дестабилизира Европа и да го зголеми политичкиот притисок за западните земји да се откажат од својот цврст став кон оваа земја, објасни Фон Фрич.

Станува збор за „новото хибридно војување на Путин“, додава дипломатот.

Овој нов начин на војување вклучува неборбени средства како што се кибер напади и кампањи за дезинформација.

Украина е еден од најголемите производители на жито во светот. Сепак, поради руската инвазија и наметнатата блокада на украинските пристаништа, житото не може да се извезува.

Германската Влада соопшти дека Русија ја спречува Украина да извезе 20 милиони тони жито, главно од пристанишниот град Одеса во Северна Африка и Азија.

Коронавирус