среда, 22. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Фон дер Лејен ги повика САД да ја укинат забраната за влез на граѓани на ЕУ во земјата

Фон дер Лејен ги повика САД да ја укинат забраната за влез на граѓани на ЕУ во земјата

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен ги повика Соединетите Американски Држави брзо да ја укинат забраната за доаѓање од Европа поради коронавирусот.

–Ние инсистираме слични правила да важат за пристигнувањата од двете насоки, рече фон дер Лајен за германската медиумска мрежа РНД.

Таа додаде дека епидемиолошката слика во Европската унија и САД сега е многу слична.

–Треба да го решиме ова прашање што е можно поскоро, ние сме во контакт со нашите американски пријатели. Ова не смее да се одложува со недели, истакна шефицата на Комисијата.

ЕУ ги стави САД на листата на трети земји за кои ограничувањата не важат од јуни, но САД продолжуваат да применуваат забрана за патување за сите луѓе што патуваат од Европската унија, со исклучок на американските граѓани или други групи како што се блиски роднини на американски државјани, дипломати и вработени.во меѓународни организации.

Коронавирус