недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Вести

Флорида и Алабама се подготвуваат за ураганот Мајкал

Флорида и Алабама се подготвуваат за ураганот Мајкал

Ураганот Мајкал се засилува и се очекува да прерасне во еден од најголемите урагани пред да стигне до Флорида до средината на неделата.

Брзината на ветровите синоќа достигна до 178 километри на час. Бурата два до три дена ќе биде над Мексиканскиот Залив, каде е висока температурата на воздухот и има поволни услови за интензивирање на ураганот, соопшти Националниот центат за урагани на САД.

Поради ураганот постои опасност од поплави на брегот на Флорида, а нивото на морето може да се зголеми до 3,5 метри. Во Флорида издадена е наредба за задолжителна евакуација, а во 35 реони прогласена е вонредна состојба.

И гувернерот на соседната држава Алабама, Кеј Ајви прогласи вонредна состојба.