среда, 28. септември 2022. Вести денес: 0
home Вести

Финскиот претседател Саули Нинисто стана татко на 69 години

Финскиот претседател Саули Нинисто стана татко на 69 години

Саули Нинисто (69) е првиот фински претседател кој станал татко додека ја извршувал таа функција, соопшти неговиот Кабинет.

Сопругата на Нинисто, Јени Хаукио,(40) роди син.

„Таткото, кој и беше присутен на породувањето, вели дека мајката и бебето се добро“, се вели во известувањето.

Нинисто и Хаукио се венчаа во 2009 година. Момчето е трето дете на финскиот претседател, а прво на неговата сопруга.

Претходната сопруга на Нинисто загина во сообраќајна несреќа во 1995.

Минатиот месец, Нинисто го доби вториот шестгодишен мандат.

Коронавирус