вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Финскиот претседател донираше 200.000 евра за сиромашни деца

Финскиот претседател донираше 200.000 евра за сиромашни деца

Финскиот претседател Саули Нинисто донираше 200.000 евра на сиромашни деца за да ги потрошат за образование.

Според финските медиуми, претседателот одлучил да им ги донира на здруженијата и хуманитарните организации парите што останале по претседателската кампања за 2018 година.

Тој ги донираше преостанатите 200.000 евра, барајќи парите да бидат дистрибуирани на децата од семејствата во неповолна положба за да можат да си обезбедат книги, компјутери и друга опрема потребна за образование.

Претседателот на Финска собра околу 1,5 милион евра донации за време на изборната кампања.

Коронавирус