вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 88
home Вести

Финска нема да го продолжи проектот за исплата на основниот приход од 560 евра

Финска нема да го продолжи проектот за исплата на основниот приход од 560 евра

Финската Влада одлучи да не го продолжи пилот проектот за исплата на основниот приход, што привлече големо внимание кај светската јавност.

Во моментов, 2.000 невработени Финци месечно добиваат 560 евра како основен приход.

– Владата ја губи желбата да го продолжи финансирањето, вели Оли Кангас, еден од авторите на експериментот.

Некои сметаат дека основниот приход е начин невработените привремено да се вработат. Главниот аргумент е дека основниот приход, доколку сите, без исклучок, се платени, ќе гарантира безбедност.

Финска го започна двегодишниот пилот-проект во јануари 2017 година, како прва европска земја која го тестира безусловниот основен приход. Случајно беа избрани 2.000 учесници, сите невработени.

Сепак, проектот нема да биде продолжен по оваа година, а Владата истражува други опции за реформа на финскиот систем за социјална заштита.

(Миа)

Коронавирус