петок, 14. мај 2021. Вести денес: 23
home Вести

Финска ќе ја набавува руската вакцина „Спутник V“

Финска ќе ја набавува руската вакцина „Спутник V“

Финската министерка за здравство Криста Киури изјави дека скандинавската земја започнува преговори со Русија за набавка на нејзината вакцина „Спутник V“ против Ковид-19, која сè уште не е одобрена за употреба во Европската унија.

-Ќе се свртиме кон Русија за да преговараме. Ова е во согласност со заедничката шема за набавки на Европската унија, бидејќи Унијата сè уште нема договори со производителот. Не можам да кажам како ќе се одвива, но работата е започната во Министерството за надворешни работи, рече министерката Киуру пред Парламентот.

Две земји-членки на ЕУ, Унгарија и Словачка, веќе го одобрија лекот за итна употреба. Германија се подготвува да започне билатерални разговори со Русија.

Коронавирус