среда, 25. мај 2022. Вести денес: 151
home Вести

Финска исклучена од руската електрична мрежа

Финска исклучена од руската електрична мрежа

Фингрид, финскиот национален мрежен оператор, потврди за Скај њуз дека повеќе нема струја што доаѓа од Русија.

Реима Паивинен, виш потпретседател на Фингрид, рече дека се „убедени дека нема да има големи проблеми“, а се очекува Шведска да помогне.

Електричната енергија од Русија сочинува околу 10 отсто од вкупната потрошувачка на Финска.

Ова дојде откако Финска потврди дека ќе поднесе барање за членство во НАТО. (МИА)

Коронавирус