петок, 25. септември 2020. Вести денес: 137
home Вести

Финска ги олеснува ограничувањата за влез на странски државјани

Финска ги олеснува ограничувањата за влез на странски државјани

Со цел да има поголем број туристички и деловни посети, Финска ќе ги релаксира многу строгите критериуми што важат за влез на странски државјани во земјата поради пандемијата на коронавирусот.

Според сегашните прописи, влезот во Финска е забранет за граѓаните на земјите каде што зачестеноста на заразата со коронавирусот е над 8 до 10 случаи на 100.000 жители, што влијае на голем број европски земји, вклучувајќи ја и соседна Шведска.

Сепак, од 19 септември тој праг ќе се подигне на 25 заразени на 100.000 жители, а патниците од земји каде стапката на зараза е повисока ќе можат да влезат со приложен доказ за негативен тест за коронавирус, но во тој случај важи обврската за самоизолација од две недели или додека не се приложат докази за втор негативен тест.

Со 7,8 заразени на 100 000 жители, Финска веќе две недели бележи една од најниските стапки на зараза со коронавирус во Европа. (MИА)

Коронавирус