среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 37
home Вести

Филмски обид за кражба на автопат: Сакале од блиндирано возило да земат милиони евра, но возачот ја пробил блокадата

Филмски обид за кражба на автопат: Сакале од блиндирано возило да земат милиони евра, но возачот ја пробил блокадата

Група крадци на автопатот кај Милано поставиле ноќна заседа за блиндирано возило што превезувало неколку милиони евра, но возачот успеал да ја пробие блокада што му ја поставиле ограбувачите – два камиони, запалени автомобили и шајки распрснати по патот.

Нападот се случил на автопатот А1, што ги поврзува Милано и Неапол, на околу 20 километри од Милано вчеравечер.

Оклопно возило удрило во два камиони што ги поставиле ограбувачите за да го блокираат патот, но возачот успеал да се извлече и да застане на блиската бензинска станица, каде наишол на полициско патролно возило.

Компанијата Батистоли, која е сопственик на блиндираното возило, соопшти дека никој не е повреден.

Сличен напад, исто така неуспешен, се случи на истиот автопат во 2014 година.

Коронавирус