недела, 16. декември 2018. Вести денес: 34
Во живо

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Велес

home Вести

Филмска кражба во Париз: Вооружени со секири упаднале во Риц Карлтон и украле накит вреден милиони евра

Филмска кражба во Париз: Вооружени со секири упаднале во Риц Карлтон и украле накит вреден милиони евра

Разбојници вооружени со секири упаднале во луксузниот хотел Риц во Париз и однеле накит чија што вредност се проценува на над 3 милиони евра.

Петмината разбојници ги искршиле прозорите на познатиот хотел Риц Карлтон во текот на вчерашниот ден во 18:30 часот по локално време и „влетале“ во просторијата со скапоцен накит од каде што побегнале со пленот вреден над 3 милиони евра.

Париската полиција успеала да фати тројца од нив, додека останатите двајца побегнале со накитот на скутер.

Според досегашните информации кои што ги пренесуваат француските медиуми, никој не бил повреден за време на големиот грабеж кој сведоците го опишале како „филмски“.

Сведок открил дека ги слушнал келнерите како во паника им викаат на гостите да се засолнат, додека во меѓувреме маскираните разбојници оделе кон просторијата со скапоцености. Еден од нив бил со скијачка маска и секира во раката.