четврток, 5. август 2021. Вести денес: 0
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Вести

Филипс повлекува дел од респираторите, штетни се по здравјето

Филипс повлекува дел од респираторите, штетни се по здравјето

Произведувачот на медицинска опрема Филипс објави дека ќе повлече дел од респираторите поради опасност од распаѓање и активирање на ситни, токсични честички кои можат да предизвикаат рак.

Се работи за проблеми во делот од распираторите кој се користи за пригушување на звукот на уредот, при што токсичните честички лесно можат да се движат и да ги надразнат дишните патишта.

Компанијата ќе повлече меѓу три и четири милиони респиратори и машини за асистенција при дишење, изјавил изршниот директор на Филипс, Франс ван Хоутен.

Филипс во извештајот на својата работа во првото тромесечје објави дека за решение на овој проблем се издвоени 250 милиони евра, а сега компанијата соопшти дека ќе издвои уште толку.

Од компанијата нагласија дека нема да опслужуваат нови купувачи, туку во следната една година ќе работат на замена и поправање на овие уреди.

Ројтерс јавува дека околу две третини од овие уреди се продадени во САД.

Коронавирус