сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Филипинската влада ќе испрати 600 специјалци заради чистење на островот Боракај

Филипинската влада ќе испрати 600 специјалци заради чистење на островот Боракај

Филипинската влада ќе испрати стотици полицајци чија вообичаена главна задача е да се справуваат со толпа луѓе и протести, но овој пат за да ги спречат туристите кои ќе се обидат да го попречат планираното шест месечно чистење на познатиот остров Боракај.

Како што соопштија локалните власти, испратени ќе бидат повеќе од 600 полицајци.

Затворањето на островот ќе стави по сила на 26 април.

Во почетокот на оваа година, Дутерте изјави дека овој остров, познат по белиот песок, милионите туристи секоја година го претвораат во „септичка јама“.

Одлуката предизвика загриженост на илјадниците луѓе кои живеат од туризам.

На островот постојат околу 500 фирми кои се во тесна врска со туризмот, а филипинската влада кажа дека ќе добијат финансиска помош.

Се уште не е познато како ќе се спроведи затворањето, иако секретаријатот за трговија и индустрија предложи затворање во неколку фази.

Потегот на владата уследи низата загрижувачки реакции за животната средина на островот, пред се поради тоа што локалните работници ја испитуваат отпадната вода и водите во островот, а Дутерте во февруари ги осуди островските хотели, ресторани и другите туристички објекти поради испуштање на канализација директно во морето.

Коронавирус