недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 49
home Вести

Филипини: ОН го нарушија нашиот суверенитет

Филипини: ОН го нарушија нашиот суверенитет

Владата на Филипини ги критикуваше Обединетите нации поради „непростливото мешање“ во суверенитетот на таа држава, откако ОН повикаа на меѓународна истрага на убиствата кои се случија за време на „војната против дрогата“ на филипинскиот претседател Родриго Дутерте.

– Расфрлање со пристрасни и апсолутно лажни факсти, со малициозни подметнувања на уставните власти, извршено од 11 специјални известувачи на ОН, претставува непростливо мешање во нашиот суверенитет, истакна портпаролот на филипинскиот претседател, Салвадор Панело.

Експертите од ОН тој ги нарече странски пропагандисти, кои се претставуваат како заштитници на човековите права.

Експерти за човекови права од ОН денеска побараа меѓународна истрага за „вџашувачкиот број незаконски смртни случаи и полициски убиства во контекст на т.н. војна против дрогата“ на Филипини.

Единаесет независни експерти во заедничко соопштение оценија дека филипинскиот претседател Дутерте јавно ги заплашувал активистите и судиите од Врховниот суд, деградирал жени и „поттикнувал насилство кон наводни дилери на дрога и други“. Експертите го повикаа Советот за човекови права при ОН да покрене независна истрага.(МИА)

Коронавирус