среда, 8. декември 2021. Вести денес: 108
home Вести

Филипини ја одобрија употребата на руската вакцина против Ковид-19

Филипини ја одобрија употребата на руската вакцина против Ковид-19

Филипинската влаад одобри итна употреба на руската вакцина „Спутник В“, објавија локалните медиуми.

-Кога медицинските експерти ги прегледаат моментално достапните информации, како објавени, така и необјавени, Управата за храна и лекови за одобри употребата на вакцината „Спутник В“, истакнал директорот на Управата, Ерик Доминго.

Претходно на Филипини беа одобрени вакцините на Фајзер, АстраЗенека, како и кинескиот Синовак.

Вакцината „Спутник В“ на 11 август доби потврда за регистрација од Министерсвото за здравство на Русија и со тоа стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.

Коронавирус