вторник, 9. март 2021. Вести денес: 25
home Вести

ФХИ: Фајзер привремно ќе го намали бројот на вакцини за Европа

ФХИ: Фајзер привремно ќе го намали бројот на вакцини за Европа

Норвешкиот институт за јавно здравје (ФХИ) соопшти дека фармацевтската компанија Фајзер привремено ќе ги намали пратките со својата вакцина против Ковид-19 во Норвешка и во Европа.

Во соопштението на ФХИ се наведува дека Фајзер сака да ги надгради своите производствени капацитети од 1,3 милијарди дози на две милијарди дози вакцини годишно.

– Очекувавме да добиеме 43.875 дози вакцини од Фајзер, но најверојатно ќе ни бидат доставени 36.075 дози, се посочува во соопштението од ФХИ, при што се додава оти се уште не е познато кога Фајзер ќе го постигне максималниот капацитет за производство.

Коронавирус