сабота, 25. јуни 2022. Вести денес: 4
home Вести

Фердинанд Маркос Јуниор прогласи победа на претседателските избори на Филипини

Фердинанд Маркос Јуниор прогласи победа на претседателските избори на Филипини

Фердинанд Маркос Јуниор, син на поранешниот филипински диктатор, денеска прогласи победа на претседателските избори во Филипини.
Портпаролот на Маркос изјави дека новоизбраниот претседател ветил дека ќе биде „лидер на сите Филипинци“.

– Маркос му порача на светот: судете ми според моите дела, а не според моите предци, се наведува во соопштението на портпаролот.
Повеќе од три децении по соборувањето на филипинскиот диктатор Фердинанд Маркос, неговиот син беше фаворит за претседател во повеќето изборни анкети.

Филипини се соочуваат со големи проблеми, вклучително и економија погодена од пандемијата на коронавирус, длабока сиромаштија и невработеност, хиперинфлација поради зголемените цени на нафтата и гасот.

Коронавирус