среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 214
home Вести

Фенч обвинет за убиството на новинарката Дафне од Малта – за него се бара доживотен затвор

Фенч обвинет за убиството на новинарката Дафне од Малта – за него се бара доживотен затвор

Еден од најбогатите малтешки бизнисмени Јорген Фенеч е обвинет за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција, соопшти обвинителството.

Се уште не е одреден датумот на судењето.

Фенеч е уапсен во ноември 2019 година под обвинение за соучество во убиството, а тој се изјасни дека не е виновен.

Каруана Галиција беше убиена на 16 октомври 2017 година пред нејзиниот дом откако во нејзиниот автомобил беше поставена бомба. Таа го истражуваше контроверзниот државен договор за изградба на електрана со конзорциумот со кој раководеше Фенеч.

Тројца мажи во декември 2017 година се уапсени и обвинети за поставување на бомба во автомобилот на Каруана Галиција. Еден од нив се изјасни како виновен и е осуден на 15 години затвор, додека останатите двајца чекаат судење.

Мелвин Теума, кој призна дека посредувал во заверата, даде докази и е помилуван. Тој изјави дека Фенеч го задолжил да го организира убиството на новинарката.

Обвинителите бараат доживотен затвор за Фенеч. (МИА)

Локални избори 2021