среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 27
home Вести

Фејсбук воведува нови рестрикции пред изборите во САД

Фејсбук воведува нови рестрикции пред изборите во САД

Фејсбук соопшти дека ќе ги отстрани објавите за следење на изборниот процес во САД кои користат „милитаристички речник“ или имаат за цел да ги заплашат гласачите или официјалните лица.

Фејсбук најави дека ќе одговори ако кандидатите или партиите прерано прогласат победа пред истата да биде објавена преку главните медиуми или ако бидат објавени проценки и известувања за моменталната состојба на изборите.

Фејсбук соопшти и дека привремено ќе прекине да објавува политички огласи откако ќе бидат затворени избирачките места на 3 ноември.

Коронавирус