среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 3
home Вести

Фејсбук отвора илјада работни места во Европа

Фејсбук отвора илјада работни места во Европа

Фејсбук соопшти дека оваа година планира да отвори илјада нови работни места во Велика Британија, меѓу кои ќе има и работници ангажирани на развој на алатки за отстранување на штетни интернет содржини.

Новите работни места ќе бидат отворени пред планираното отворање на нова канцеларија во Лондон во 2021 година, а со нив вкупниот број на Фејсбукови работници на островот ќе се зголеми на 4.000.

Британскиот главен град е најголем инженерски центар на Фејсбук надвор од САД.

Според извештаите, повеќе од половина нови работни места ќе бидат фокусирани на технологијата, вклучувајќи програмски инженеринг, дизајн производи и наука за податоци. Новите работници, исто така, ќе се занимаваат со развој на апликациите Вацап и Воркплејс.

Дел од новите работници би можел да биде ангажиран во тимот на Фејсбук „Комјунити интегрити“, кој произведува алатки за откривање и отстранување штетни содржини на платформите како што се Месинџер, Инстаграм и Вацап.