сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Фејсбук отстрани стотици профили со дезинформации за вакцините на Астра Зенека и Фајзер

Фејсбук отстрани стотици профили со дезинформации за вакцините на Астра Зенека и Фајзер

Фејсбук соопшти дека се отстранети стотици профили поврзани со мистериозна рекламна агенција што се обидува да им плати на инфлуенсери на социјалните мрежи за да ги оцрнат вакцините против Ковид-19 на Фајзер и на Астра Зенека.

Група од 56 профили на Фејсбук и 243 на Инстаграм беа пронајдени во рекламната и маркетинг агенција Фазе, која работи од Русија за непознат клиент. Групата користеше лажни налози за да шири погрешни наводи кои ја оспоруваат безбедноста на тие вакцини. Профилите беа насочени кон Индија, Јужна Америка и, во помал степен – во САД, користејќи неколку социјални платформи, како Фејсбук и Инстаграм.

Русија активно ја нуди својата вакцина Спутник В во странство, за која некои аналитичари велат дека ги следи геополитичките цели. Претставниците на Фејсбук одбија да направат претпоставки за можната мотивација на оваа клеветничка кампања.

Коронавирус