четврток, 13. август 2020. Вести денес: 119
home Вести

Фејсбук отстрани лажни профили поврзани со бразилскиот претседател

Фејсбук отстрани лажни профили поврзани со бразилскиот претседател

Компанијата Фејсбук соопшти дека отстранила десетици профили, од кои некои ги користеле официјални лица на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и двајцата негови синови, пратеници.

Фејсбук појасни дека одлуката е заснована на создавање лажни профили вклучени во „координирано неавтентично однесување“.

Отстранети се 35 сметки, 14 страници, една група и 38 објави на Инстаграм.

Како што пренесуваат светските агенции, сите тие биле обединети во мрежа што делумно работи во автоматски режим и била насочена кон корисниците во Бразил. Операторите на мрежата се обиделе да ги сокријат своите идентитети и да се претстават како новинари од различни медиуми. Тие дистрибуирале материјали поврзани со локални вести, внатрешна политика, избори, критики против политичките противници и медиумите. Објавувани се и материјали поврзани со пандемијата на коронавирус.

Дел од страниците се блокирани за поттикнување омраза и ширење лажни информации.

Шефот за кибер безбедност на Фејсбук, Натаниел Глајхер изјави дека компанијата нема докази дека мрежата била директно управувана од Болсонаро и неговите синови Флавиу и Едуардо. Се проценува дека страницата на Фејсбук имала повеќе од 880.000 следбеници, а страницата на Инстаграм повеќе од 900. Во април се тргнати десетици страници поврзани со Канада, САД, Украина и Еквадор, насочени кон аудиториумот во овие и во други земји. 

Коронавирус