петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 151
home Вести

ФДА не ја одобри Модерна за трета доза вакцина против Ковид-19

ФДА не ја одобри Модерна за трета доза вакцина против Ковид-19

Научниците од Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска објавија дека Модерна не ги исполнила нивните критериуми со кои ќе се одобри употреба на бустер доза од вакцината против Ковид-19.

ФДА соопшти дека податоците за вакцината Модерна покажале дека зголемената доза ги зголемила заштитните антитела, но дека разликата во нивото на антитела пред и после третата доза не е доволно голема, особено кај луѓето чии нивоа на антитела останале високи, објави Ројтерс.

ФДА генерално ги следи советите на своите експерти, но не е должна да ги слуша.

Група советници од американскиот Центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) ќе се состанат следната недела за да разговараат за конкретни препораки за тоа кој може да добие бустер доза во САД ако ФДА одобри одредена вакцина.

Модерн бара овластување за бустер доза од 50 микрограми, што е половина од првобитната доза од вакцината дадена во разлика од четири недели.

Компанијата побара од ФДА да ѝ дозволи трета доза за лица на возраст од 65 години и постари, како и за имунокомпромитирани, нешто слично на овластувањето дадено на конкурентската фармацевтска компанија „Фајзер“ и нејзиниот партнер „Бионтек“.

Советниците на ФДА, исто така, ќе размислат да дадат бустер доза за вакцината Џонсон и Џонсон во петок, која се прима во единечна доза.

Коронавирус