сабота, 17. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

ФБИ со награда од 250.000 долари за информација која ќе помогне за апсење на Пригожин

ФБИ со награда од 250.000 долари за информација која ќе помогне за апсење на Пригожин

Федералното истражно биро (ФБИ) објави награда во висина од 250.000 долари за секаква информација која ќе доведе до апсење на рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин.

Пребарувачот на сајтот на ФБИ покажува дека профилот на Пригожин во списокот на барани злосторници се појавил летото 2020 година, но американските медиуми дури сега откриле дека тој е во списокот. Налог за негово апсење е издаден од окружниот суд на округот Колумбија во февруари 2018 година, со обвинение заговор за измама на САД, се вели во објавата на ФБИ.

Властите во САД го бараат Пригожин за наводна вмешаност во внатрешните работи на САД, вклучувајќи ги претседателските избори во 2016 година.

Во профилот на сајтот на ФБИ се посочува дека тој говори на руски, поврзан е со Русија, Катар, Индонезија и Естонија. Покрај тоа има неколку фотографии, дата на раѓање и опис на неговиот лик.

Самиот Пригожин своето вклучувањето во спиокот на лица барани од ФБИ го спореди со „лов на вештерки“.

-Американското општетство се наоѓа под тежок товар на проблеми: олигарсите и политичарите го крадат буџетот. За прикривање на колосалниот разрив меѓу длабоката држава и народот потребно е страшило. Тоа страшило е Русија, изјави бизнисменот по овој повод.

За многубројните тендери што негови компании ги добија за набавка на храна во државните институции и поради неговата блискост со рускиот претседател, Пригожен е познат и како „готвачот на Путин“. Бизнисменот е под американски и европски санкции.

Коронавирус