петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

ФБИ: Нема заклучок за експлозијата во Бејрут

ФБИ: Нема заклучок за експлозијата во Бејрут

Американското Федерално истражно биро ФБИ денеска соопшти дека не дошло до точен заклучок за тоа што ја предизвика големата експлозија во Бејрут на 4 август во која загинаа близу 200 лица, а причинета беше материјална штета од повеќе милијарди долари.

Други агенции на САД и земјите од ЕУ кои одблиску ја надгледуваат истрагата за експлозијата се уверени дека причината е несреќен случај, пренесува Ројтерс.

-Таков заклучок не е постигнат. Потребно е да се постават дополнителни прашања до либанските власти кои раководат со истрагата, истакнале од ФБИ во одговор до британската агенција.

Либанските власти информираат дека извештајот на ФБИ за експлозијата во понеделникот е доставен до либанскиот суд. ФБИ меѓутоа не сакале да ги коментираат наводите на медиумите од оваа земја, пишува Ројтерс.

Коронавирус