петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 196
home Вести

ФБИ истражува обид за дискредитација на специјалниот обвинител Малер

ФБИ истражува обид за дискредитација на специјалниот обвинител Малер

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) започна истрага во врска со добиени сознанија за обид за дискредитација на специјалниот обвинител Роберт Малер, кој раководи со истрагата за руско мешање во изборите во САД во 2016 година.

Како што информира портпаролот на Малер, Питер Кар истрагата се води околу сознанијата дека на жени им биле нудени пари со цел да го обвинат Малер за сексуални напади.

– Кога минатата недела дознавме дека им биле нудени пари на жени за да изнесуваат лажни обвинувања против специјалниот обвинител, веднаш побаравме од ФБИ да спроведе истрага, изјави Кар.

Малер раководи со истрагата во врска со наводите за руско мешање во претседателските избори во САД во 2016 година, што според сомнежите, му овозможило победа на актуелниот претседател Доналд Трамп.

Трамп досега во неколку наврати го критикуваше Малер и ги отфрлаше неводите од неговата истрага за повзраност меѓу луѓе од неговиот изборен штаб и Русија.

МИА

Коронавирус