вторник, 3. август 2021. Вести денес: 162
home Вести

Фаучи: Делта сојот е присутен во 80% од новите зарази со коронавирусот во САД

Фаучи: Делта сојот е присутен во 80% од новите зарази со коронавирусот во САД

Водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, изјави дека делта сојот на коронавирусот предизвика повеќе од 80 проценти од новите случаи во САД.

-Одобрените вакцини се ефикасни во повеќе од 90 проценти во спречувањето на хоспитализациите и смртните случаи, рече Фаучи, член на тимот на Белата куќа за реакција на пандемијата на Ковид 19, за време на дебатата во американскиот Сенат.

Сослушувањето, објавија британските медиуми, го одбележа и распоравата со републиканскиот сенатор Ренд Пол, кој го обвини Фаучи за кажување невистини за тоа дека Националниот институт за здравство обезбедувал финансиски средства за истражување на Кинескиот институт за вирусологија во Вухан, првичниот епицентар на пандемијата со Ковид-19, пренесува Гласот на Америка.

Потеклото на коронавирусот стана тема на жесток партиски конфликт во САД. Републиканците поттикнуваа истражувања дали вирусот бил развиен во лабораторија во кинескиот град Вухан.

Делта сојот на коронавирусот беше откриен во Индија на почетокот на 2021 година. Оттогаш, тој стана доминантна верзија во САД и другите земји. Досега е откриен во повеќе од 90 земји.

Коронавирус