понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 143
home Вести

Фаучи: Бројот на смртни случаи од ковид во САД ќе се намали оваа зима

Фаучи: Бројот на смртни случаи од ковид во САД ќе се намали оваа зима

Водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи предвидува дека бројот на смртни случаи од ковид ќе започне да опаѓа оваа зима, по зголемениот број случаи во САД поради појавата на делта варијантата.

Во интервју со американската водителка Грета ван Сустерен, кое ќе биде објавено подоцна денеска, шефот на медицинскиот советодавен тим на Белата куќа беше прашан дали ќе има уште еден бран на инфекција оваа зима, пренесува весникот „Хил“.

– За среќа, во моментов, поточно во претходните четири недели, забележавме пад на зголемувањето на бројот на пациенти и хоспитализации. Сепак, бројот на смртни случаи е висок, но кривата почнува да се израмнува, рече Фаучи.

Тој додаде дека не верува дека ќе забележи пад на смртните случаи, како што е забележителен падот на бројот на хоспитализации.

– Колку брзо ќе падне бројот на починати ќе зависи од многу околности, како што е постуденото време, она што луѓето го прават во затворени простории, рече Фаучи, пренесува Њујорк Пост.

Фаучи апелираше до Американците да носат маски на преполни места, дури и ако се вакцинирани и се на отворено.

Американските центри за контрола и превенција на болести соопштија дека бројот на смртни случаи се намалил од просечно 1.767 дневно на 15 септември, на 1.418 на 7 октомври.

САД неодамна надминаа број од 700 илјади смртни случаи од Ковид-19.

Локални избори 2021